Граѓаните на картички „вртат“ 6,2 милиони евра дневно

Bez autora
Oct 05 2014

Македонците за осум месеци од годинава свртеле 1,5 милијарда евра преку „пластични пари“ или 81 милион евра повеќе пари од трансакциите остварени во истиот период лани. Податоците на Народната банка покажуваат дека на популарните платежни картички граѓаните вртат големи пари, но, за жал, најмногу за вадење кеш од банкомат, а помалку за пазарување. Математиката покажува дека за тие осум месеци дневно се вртеле по 6,2 милиони евра преку платежни картички, а секој граѓанин, дури и тукушто роденото дете, дневно „трошеле“ по 3 евра. Односно четиричлено домаќинство преку картички во просек вртело по 12 евра дневно. Статистиката покажува дека Македонците до август годинава поседувале речиси 1,59 милион платежни картички, но сепак милуваат да плаќаат кеш, што е феномен, кој е неразбирлив и за познавачите.

Граѓаните на картички „вртат“ 6,2 милиони евра дневноМакедонците за осум месеци од годинава свртеле 1,5 милијарда евра преку „пластични пари“ или 81 милион евра повеќе пари од трансакциите остварени во истиот период лани.

Податоците на Народната банка покажуваат дека на популарните платежни картички граѓаните вртат големи пари, но, за жал, најмногу за вадење кеш од банкомат, а помалку за пазарување. Математиката покажува дека за тие осум месеци дневно се вртеле по 6,2 милиони евра преку платежни картички, а секој граѓанин, дури и тукушто роденото дете, дневно „трошеле“ по 3 евра. Односно четиричлено домаќинство преку картички во просек вртело по 12 евра дневно.

Статистиката покажува дека Македонците до август годинава поседувале речиси 1,59 милион платежни картички, но сепак милуваат да плаќаат кеш, што е феномен, кој е неразбирлив и за познавачите. Платежните картички не се користат доволно за плаќање во трговијата, туку за вадење готовина, а најголем дел од прометот во трговијата е во готово.

Граѓаните потврдуваат дека најлесно им е да плаќаат во готово по старата изрека „Пари на рака, Мара за рака“.

- Kога плаќам во готово знам колку пари имам и дали и колку ќе ми останат во џеб. А на картичка не се паметат сите трансакции, па многу лесно се оди во минус или на дополнителни непотребни трошоци, кои секако не си ги планирал. Така, кога ќе видам нешто убаво во бутик ако немам пари во џеб, нема да го купам, а картичката те примамува и трошиш од минусот и тогаш кога не ти останал ниту денар од платата. Така влегуваш во круг на долгови, кои наместо да се намалуваат, најчесто одат нагоре - коментира студентката Ана Kрстевска.

Други граѓани, кои ги сретнавме на пазарување по маркети, потенцираат дека без платежни картички не можат да го замислам секојдневието.

- Не можам да мислам и да пресметувам колку ќе ми биде сметката што ќе треба да ја платам на каса за да да знам колку пари треба да имам во џеб. Вака најлесно ми е дури и за најмала ситница да ја дадам платежната картичка. Признавам дека така е потешко да се контролираат парите, но не се бунам. Имам неколку картички и постојано ги користам за плаќање, пари во џеб чувам само колку за да ми се најдат за не дај боже - вели скопјанецот Горан Стојановски.

Последните истражувања на Државниот завод за статистика, од пред неколку години, исто потенцираат дека Македонците најмногу сакаат да плаќаат во готово. Така најголем дел од прометот во трговијата на мало, според начинот на плаќање, е со готови пари, и тоа 91 процент од вкупната трговија. Со кеш најмногу се купувала храна, и тоа дури 95,7 отсто, висок процент плаќање со готовина имало и кај автомобилите - 70,6 проценти, кај горивата - 92,2 отсто, но и кај другите стоки и услуги, од кои со готовина се плаќале над 80 проценти.

Бројките на Народната банка покажуваат дека во просек месечно преку „пластични пари“ се вртат од 180 до 200 милиони евра. Во август годинава, последниот месец за кој има податоци, се свртени 202 милиона евра. Од нив дури 155 милиони евра од трансакциите биле на банкомат за вадење готовина.

Во продавниците велат дека иако последниве години расте процентот на купување со картички, сепак и натаму најголемиот дел од прометот се прави со кеш. А картичките се доминантни по бутиците и при купување поскапа стока, како бела техника, каде што се користи можноста за плаќање на рати.

До август годинава во земјава имало вкупно 1.592.572 картички, што е зголемување за над 150.000 картички во споредба со крајот на минатата година, која ја завршивме со 1.439.322 платежни картички. Бројките на централната банка покажуваат дека до август годинава 1,2 милион картички биле со дебитна функција.

Летните одмори ги прегреале картичките

Граѓаните во месеците на годишни одмори - јуни, јули и август ги прегреале платежните картички. Анализата на податоците на Народната банка покажуваат дека трансакциите во тие месеци се покачиле за најмалку 30 милиони евра месечно, во споредба со просекот претходно. Во август биле свртени 202 милиона евра, во јули 211 милиони евра, а во јуни 189 милиони евра преку картички, суми што се далеку повисоки од потрошените во првиот и вториот месец од годинава, 162 и 174 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik